Швајцарците утре на референдум за забрана за покривање на лицето

„Запрете го екстремизмот!“, пишува на црвен билборд во едно мирно село кај Цирих. Над натписот има фотографија на жена со црна марама и превез врз намуртеното лице. Големиот плакат е дел од кампањата на десничарската Швајцарска народна партија (СВП) за забрана на покривање на лицето во јавност, за која ќе се гласа на референдумот в недела. Анкетите за јавното мислење покажуваат дека мнозинството Швајцарци ќе ја поддржат забраната и дека предлогот ќе стане закон.

„Во Швајцарија е традиција да го покажувате своето лице. Тоа е знак на нашите основни слободи“, рече Валтер Вобман, пратеник на СВП и претседател на комитетот за референдумот.

Предлогот датира уште од 2017 година, долго пред појавата на коронавирусот, кој ги принуди возрасните да носат маски за да спречат ширење на инфекцијата.

Во него не се споменува директно исламот и неговите цели вклучуваат запирање на насилните улични демонстранти и маскирани фудбалски хулигани. Сепак, локалните политичари, медиумите и лидерите на кампањите го нарекоа забрана за бурка и никаб.

Предлогот ги отсликува напнатите односи на Швајцарија со исламот, откако во 2009 година граѓаните ја поддржаа забраната за градење нови минариња. Локални забрани за покривање на лицето веќе се воведени во два кантони.

Вобман тврди дека гласањето не е гласање против самиот ислам, но додаде дека „покривањето на лицето е симбол на овој екстремен, политички ислам, кој е сѐ поистакнат во Европа и за кој нема место во Швајцарија“.

Франција во 2011 година забрани носење превез врз цело лице во јавност, а Данска, Австрија, Холандија и Бугарија имаат тотални или делумни забрани за покривање на лицето во јавноста.

Никој во Швајцарија не носи бурка, а никаб носат триесетина жени, проценува Универзитетот во Луцерн. Муслиманите сочинуваат 5,2 проценти од швајцарското население од 8,6 милиони луѓе, повеќето од Турција, Босна и Херцеговина и Косово.

Швајцарските муслимани тврдат дека десничарските партии го користат гласањето за да ги соберат своите приврзаници, а нив да ги демонизираат, додека други предупредуваат дека забраната ќе поттикне подлабоки поделби.

„Никабот е празен лист што им овозможува на луѓето на него да ги проектираат своите стравови“, рече Андреас Тунгер-Занети, раководител на Центарот за проучување на религијата на Универзитетот во Луцерн.

„Но многу е малку веројатно дека ќе сретнете некој на улица во Швајцарија со никаб“.

Тој додаде дека забраната ризикува да го зацементира имиџот на Швајцарија како антиисламска земја и може да предизвика бес кај некои муслимани.

Многу феминистички организации се спротивставуваат на забраната.

„Освен што е бескорисен, овој предлог е расистички и сексистички“, рече Инес Ел-Ших, портпаролка на муслиманската група „Виолетови марами“.

„Неприфатливо е во швајцарскиот устав во 2021 година да има член што им пропишува или им забранува на жените да го носат она што го сакаат“, изјави Ел-Ших за АФП.

„Забраната за бурка не е за жените, туку против нив. Без разлика дали сме во миниздолниште, бурка или топлес, сакаме право на избор“, додаде таа.

Рифаат Лензин (67), муслиманка што живее во Швајцарија, изјави дека целосно се противи на забраната затоа што се бори против проблем што не постои и во земја во која муслиманите се добро интегрирани.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе