Швајцарците на референдум забранија носење бурки

На денешниот референдум Швајцарците гласаа за забрана за носење бурка во ресторани, продавници и други јавни места.

Фото: ЕПА

Повеќе од 52 проценти од гласачите гласаа за забраната. Ова беше решено во 19 од 22 кантони во кои гласовите беа преброени до попладнево. Швајцарија има вкупно 26 кантони.

Забраната влегува во Уставот и ќе се применува во рестораните, продавниците и на јавните места. Слични закони веќе постојат во Австрија, Холандија и Франција.

На хартија, забраната генерално се однесува на покривање на лицето, што значи дека важи и за фудбалските хулигани, но законот беше предложен од десничарска, антиисламска група, која не ја криеше својата вистинска намера, пишува агенцијата Дпа.

Пред една деценија, истата група, Егеркингенскиот комитет, застана зад референдумот за забрана за изградба на нови минариња.

Нејзините критичари ја обвинуваат дека промовира исламофобија и тврдат дека во едно слободно општество не треба да постојат забрани за облека.

Се проценува дека муслиманите сочинуваат 5,3 проценти од населението во Швајцарија.

Европскиот суд за човекови права во 2014 година донесе одлука дека ваквите забрани не ги кршат правата на лицата за слобода на вероисповед или изразување.

Швајцарците, исто така, денеска гласаа и за создавање дигитална лична карта, што го отфрлија, и за договор за слободна трговија со Индонезија со кој се намалуваат царините за одржливо произведено палмино масло, што го прифатија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе