Санчез рече дека вакцинацијата ќе биде организирана на 13.000 локации низ цела Шпанија и дека „многу значаен дел од населението“ може да биде вакциниран во првата половина на следната година. Тој рече дека дополнителните детали ќе бидат објавени утре.
Санчез рече дека 14-дневната кумулативна стапка на случаи на зараза за 100.000 жители паднала под 400.
Од денес, Шпанија бара негативен ПЦР-тест за ковид-19 од повеќето луѓе кои доаѓаат преку воздух и море. Мерката се однесува на пристигнувањата од 65 земји, вклучувајќи ги и повеќето земји од Европската унија.
Во меѓувреме, североисточниот регион Каталонија денес ги намали некои од строгите ограничувања на баровите, рестораните и културните настани воведени во средината на октомври.
Иако полицискиот час останува на сила од 22 часот до 6 часот наутро, каталонските барови и ресторани можат да имаат гости до 30 проценти од капацитетот внатре, а културните настани се можни со 50 проценти од капацитетот.