Германскиот канцелар

Шолц: Ризикот дека Путин ќе употреби нуклеарно оружје е намален

Ризикот дека рускиот претседател Владимир Путин ќе употреби нуклеарно оружје е намален поради меѓународниот притисок, оцени германскиот канцелар Олаф Шолц.

EPA-EFE

Тој во интервју за Функе медија кажа дека војната во Украина продолжува и дека е брутална, иако една клучна константа се сменила, а тоа е прекин на заканата со нуклеарно оружје. Кажа и дека и покрај длабоките поделби важно е да се продолжи дијалогот со Кремљ.

„Правиме сè што можеме за да спречиме директна војна меѓу НАТО и Русија. Таквиот судир би имал само губитници – во целиот свет“, кажа Шолц.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера оцени дека ризикот од нуклеарна војна расте, но истакна дека Русија не полудела и дека сопствениот нуклеарен арсенал го гледа само како одбранбено средство за одвраќање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе