Шолц: Путин ќе преговара само кога ќе сфати дека не може да ја скрши одбраната на Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска во Давос, Швајцарија изјави дека Владимир Путин веќе доживеал неуспех во постигнувањето на своите стратешки цели, додавајќи дека светот е во критична точка.

Фото: ЕПА

„Светот е на пресвртница“, рече Шолц, додавајќи дека „не е само Украина загрозена туку и системот на меѓународна соработка создаден по двете светски војни“.

„Не смееме да му дозволиме на Путин да победи во оваа војна. Цврсто верувам дека нема да победи“, рече германскиот канцелар, додавајќи дека верува во тоа поради силниот отпор на Украинците, но и во помошта што меѓународната заедница ѝ ја пружа на Украина.

Тој предупреди дека цената за рускиот режим може да биде огромна и додаде: „Путин сериозно ќе преговара само кога ќе сфати дека не може да ја скрши одбраната на Украина“.

„Нема да има никаков мир под диктат. Украина нема да го прифати тоа, ниту ние“, додаде Шолц.

Реакцијата на Германија на руската инвазија на Украина со месеци е под лупа поради значајната зависност на Германија од рускиот гас.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе