Шолц: Нема да има недостиг на гас оваа зима, од следната година нема да зависиме од Русија

Германија треба да биде целосно независна од рускиот гас до крајот на следната година, а нема да има недостиг на гас ниту оваа зима, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Фото: ЕПА

„Добро сме подготвени за оваа зима и тоа е позитивна порака“, изјави Олаф Шолц на конгресот на Здружението на германски работодавачи во Берлин.

Тој додаде дека поради добрата исполнетост на резервоарите од моментално 86 отсто, не се очекува недостиг на гас.

Шолц рече дека целосна независност од рускиот гас се очекува до крајот на 2023 година.

„Изградбата на ЛНГ терминалот напредува и ќе увезуваме гас од САД, Норвешка и други земји“, рече Шолц.

Истовремено, канцеларот како проблем ја наведе високата цена на енергентите. Во таа насока тој ја поздрави најновата одлука на Европската комисија со која се ограничува профитот на енергетските компании што треба да резултира со намалување на цената на електричната енергија.

„Предлогот на Европската комисија е речиси идентичен со она за што се залагавме“, рече Шолц.

Тој се заложи за целосна реформа на пазарот на електрична енергија, така што намалувањето на цените ќе се пренеси на крајните потрошувачи „уште оваа зима“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе