Шолц ги претстави новите министри: Жени на чело на одбраната на Германија

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ги претстави министрите во новата влада која ќе ја предводи Олаф Шолц.

EPA-EFE/FILIP SINGER

Именувањето на Карл Лаутербах за нов министер за здравство ја воодушеви германската јавност. За време на пандемијата на коронавирусот, обучениот лекар стана ѕвезда на партијата - има над 700.000 следбеници на Твитер и се појавува во ТВ емисии речиси на неделно ниво, повикувајќи на остри акции за потиснување на ширењето на вирусот.

СПД ќе има низа клучни позиции во кабинетот. Идниот канцелар Олаф Шолц ја назначи Ненси Фезер за прва жена министер за внатрешни работи на Германија, додека Кристине Ламбрехт ќе го води Министерството за одбрана.

Клара Гајвиц ќе го преземе новото Министерство за домување. Свенја Шулце, која беше министерка за животна средина во владата на Ангела Меркел, ќе го преземе Министерството за развој, додека Хубертус Хајл останува министер за труд.

Шолц вети дека новата влада ќе ги поддржи жените во политиката, и дека тие ќе преземат половина од министерските функции.

Во саботата на партиска конференција беше одобрен нов коалициски договор со кој ќе управуваат заедно со Зелените и Либералите (ФДП).

Договорот доби огромна поддршка, за него гласаа 598 делегати, седум гласаа против, а тројца беа воздржани.

Новата влада ќе положи заклетва во среда.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/FILIP SINGER

Ние сме земја што први во Европа имаме стратегија за интеркултурализам.

повеќе

Францускиот предлог претставува директно рушење на основните темели на ЕУ.

повеќе

Од мали нозе ги заобиколуваме правилата на игра, па не е ни чудо што потоа се сопнуваме кога ќе истрчаме на терен.

повеќе