Шолц: Германија сега е во многу подобра позиција да се спротивстави на заканите од Русија

Германија сега е „во многу подобра позиција" да се спротивстави на „заканите" од Русија, вклучително и кризата со гасот што се појави по руската инвазија на Украина, рече канцеларот Олаф Шолц.

Фото: ЕПА

Рускиот гигант Газпром се подготвува утре на три дена да ја прекине испораката на гас преку гасоводот Северен тек поради „одржување“.

Сите мерки што Германија ги презеде за да го гарантира своето снабдување „придонесоа денес да бидеме во многу подобра ситуација отколку што се предвидуваше пред неколку месеци“, рече Шолц пред состанокот на владата во Мезеберг, недалеку од Берлин.

„И можеме да се справиме со заканите со кои се соочуваме, од страна на Русија која го користи гасот како стратегија во војната против Украина“, додаде Шолц.

Германија во голема мерка е зависна од рускиот гас и бележи силен пад на испораките од почетокот на војната во Украина на 24 февруари.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе