Шолц: Директните контакти со Путин се многу важни

Директните контакти со рускиот претседател Владимир Путин се многу важни, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц.

Фото: ЕПА

„Колку и да е тешко, директниот контакт е важен, особено во кризни времиња. Сакам нашите пораки да стигнат директно до Путин“, изјави Шолц во интервју за шведскиот весник „Дагенс Нихетер“.

Тој рече дека на тој начин сака на рускиот претседател да му ја претстави позицијата на Западот во однос на операцијата на руската војска во Украина.

Шолц оцени и дека нормализацијата на билатералните односи со Москва не е можна во блиска иднина.

Претходно, на големата летна прес-конференција, Шолц зборуваше за можноста Путин да ја посети Германија, за што услов би било прекинување на операцијата во Украина и мировен договор меѓу Киев и Москва, потсетува Спутник.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе