Шокантни снимки од земјата од која потекнува ропството: на коњи и со камшици бркаат луѓе (ФОТО+ВИДЕО)

Светот го обиколија фотографии од американски агенти на граничната полиција што на коњи бркаат мигранти од Хаити, кои во сè поголем број се собираат на границата во Тексас.

Фото: ЕПА

Особено вознемирувачка е фотографијата снимена во близина на реката Рио Гранде на која се гледа како еден граничар на коњ за маица повлекува мигрант што носи торби најверојатно со храна.

Се огласи и Белата куќа, а портпаролката Џен Псаки беше запрашана од новинарите дали таквата употреба на коњи, а можеби и камшици, е „соодветна тактика“ во земјата од каде што потекнува ропството.

„Видов некои снимки. Немам целосен контекст. Не можам да замислам каков контекст би можел да го направи тоа соодветно. Мислам дека нема човек што ќе ги види тие снимки и ќе помисли дека е прифатливо или соодветно“, рече таа.

Повеќе од 6.000 Хаиќани и други мигранти биле отстранети од кампот во пограничниот град Дел Рио, Тексас.

Нарекувајќи ја „тешка и шокантна ситуација“, министерот за внатрешна безбедност на Тексас издаде строго предупредување: „Ако илегално дојдете во Соединетите Држави, ќе бидете вратени. Вашето патување нема да успее, ќе го загрозите својот живот и животот на својата фамилија“.

Меѓутоа, американските власти рекоа дека ќе ги разгледаат постапките на агентите што на коњи ги потиснуваат мигрантите на тој начин.

Само во последните неколку недели повеќе од 12.000 Хаиќани пристигнаа во Дел Рио, собирајќи се во огромен импровизиран камп под и во близина на мостот. Многумина се движеле меѓу двата града, барајќи храна и залихи во Мексико, додека членовите на нивните семејства чекаат во Соединетите Држави. Многумина велат дека не сакаат да се вратат во својата земја, која е во криза поради последиците од разорниот земјотрес, но и убиството на претседателот.

Без оглед на тоа, САД започнаа операција за враќање на овие луѓе во нивната татковина, како и да ги спречат во намерата оние што сакаат да тргнат во САД, со што започнаа со она што може да биде едно од најбрзите американски протерувања во последните неколку децении.

Пол Ратје, фотограф на АФП што го фотографираше агентот на коњ како го фаќа мигрантот што носи храна, рече дека граничарите се појавиле ненадејно и почнале да ги тераат мигрантите, додека според извештаите од местото на настанот што ги пренесуваат мексикански новинари, притоа користеле и камшици.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе