Шојгу: За руските цели во Украина не треба нуклеарно оружје

Нема потреба за користење нуклеарно оружје во Украина за да се постигнат целите на специјалната воена операција, кажа денес рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

EPA-EFE

„Од воен аспект, нема потреба да се користи нуклеарно оружје во Украина за постигнување на поставените цели“, кажа Шојгу за време на Московската конференција за меѓународна безбедност, пренесува ТАСС.

Според рускиот министер, главната цел на нуклеарните сили на Русија е да одвратат нуклеарен напад.

„Нивната употреба е ограничена на вонредни ситуации, кои се дефинирани во руските насоки кои се достапни за јавноста“, додаде Шојгу.

Тој кажа и дека се апсурдни изјавите на западните медиуми дека Русија наводно може да употреби хемиско оружје во Украина.

„Апсурдни се изјавите за можна употреба на хемиско оружје во Украина“, кажа Шојгу и додаде дека Русија целосно го елиминирала хемиското оружје во 2017 година.

Рускиот министер зборуваше и за јакнењето на НАТО на источното крило и наведе дека со него завршува деградацијата на довербата и контролата на вооружувањето воспоставена во Европа.

„Безбедносната ситуација во Европа стана полоша отколку на врвот на Студената војна. Воената активност на Алијансата ја карактеризираат максимално агресивни антируски предрасуди. Значителни НАТО сили се префрлени на континентот од Соединетите Американски Држави и нивната бројност во источна и централна Европа повеќекратно се зголеми“, истакна Шојгу.

Тој кажа дека НАТО почна да распоредува дополните сили на своето источно крило пред Русија да ја почне својата специјална воена операција во Украина.

Тој истакна дека странски воени советници се присутни во Украина и дека ги координираат акциите на украинските оружени сили и ја контролираат употребата на оружјето.

Украина добива разузнавачки информации од сите извори достапни на НАТО, додека „оружјето се користи под контрола на западни специјалисти“, додаде рускиот министер.

„Зад украинските воени операции стојат Вашингтон и Лондон. Западните разузнавачки служби даваат координати за целите за нападите, а испораката на податоците за нишанење на оружените системи е целосно под контрола на западни експерти“, кажа Шојгу.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе