Шојгу за 2023 година: Приоритет e инвестицијата во инфраструктурата за нуклеарно оружје

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави денеска дека фокусот на инвестициите во 2023 година ќе биде ставен на инфраструктурата за нуклеарно оружје, што вклучува изградба на силоси за сместување на нови проектили.

Фото: ЕПА

„При подготвувањето на списокот на големи конструкциски проекти, ќе посветиме посебно внимание на конструкциите во интерес на нашите стратешки нуклеарни сили“, рече Шојгу, а пренесе руската агенција РИА.

Во понеделникот, Русија ги одложи преговорите за нуклеарно разоружување со САД без објаснување, велејќи само дека преговорите ќе се одржат во иднина. Сегашниот договор за нуклеарно оружје, наречен СТАРТ, истекува во 2026 година.

Шојгу, пренесува РИА, ја коментираше и ситуацијата со Русите мобилизирани за војната во Украина. Тој рече дека 300.000 резервисти, вклучително и доброволци, биле обучени во два месеци откако рускиот претседател Путин нареди „делумна мобилизација“. Министерот тврди дека обуката била спроведена во повеќе од 100 кампови за обука во Русија и Белорусија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе