Рускиот министер за одбрана

Шојгу: Воспоставуваме поморски коридори за извоз на жито

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска изјави дека Русија воспоставува два „хуманитарни“ поморски коридори во Црно и Азовско Море за да се овозможи извоз на жито.

Фото: ЕПА

„Преземаме група мерки за да овозможиме безбедна пловидба во водите на Црно и Азовско Море. Опасноста од мини во пристаништето во Мариупол е целосно елиминирана“, рече Шојгу, пренесе руската новинска агенција РИА новости.

Русија постојано повторува дека не го попречува извозот на украинското жито и дека сѐ што треба да направат властите во Киев доколку сакаат да извезуваат жито е да ги отстранат мините од деловите на Црно Море што ги контролираат.

Тој чин, сепак, ќе им овозможи на руските воени бродови уште повеќе да се доближат до јужниот брег на Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе