На средбата со белорускиот министер за одбрана Виктор Кренин е потпишан договор за „соработка во областа на одбраната и регионалната безбедност“, соопшти белоруското Министерство за одбрана.
„Република Белорусија беше и останува наш сигурен партнер. Ова е особено важно денес, во услови на невиден притисок од колективниот Запад и војна која само официјално не им е објавена на нашите земји“, рече Шојгу, а пренесува руската новинска агенција РИА Новости.
Шојгу, исто така, ја пофали „одлучноста на Белорусија да се спротивстави на непријателствата на САД и нивните сојузници“, пренесе РИА.