Министерот за одбрана на Русија

Шојгу: Руската војска ангажираше повеќе од 200.000 резервисти

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави денес дека руската војска ангажирала повеќе од 200.000 резервисти во рамки на делумната мобилизација, почната пред две недели.

EPA-EFE

Шојгу кажа дека резервистите минале обука на 80 воени полигони пред да бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина, каде руските сили во некои области се во повлекување.

Претседателот на Русија Владимир Путин нареди делумна мобилизација на 21 септември за да ги зајакне силите кои војуваат во Украина.

Шојгу претходно кажа дека руската војска ќе повика до 300.000 резервисти, но наредбата на Путин ја остави отворена можноста за мобилизација и на поголем број обврзници.

Некои руски медиуми шпекулираат дека војската планира да повика милион или повеќе резервисти.

Одлуката за мобилизација предизвика протести во Русија и поттикна десетици илјади луѓе да избегаат од Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе