„До крајот на годината“

Шојгу: Русија ќе формира 12 нови воени бази како одговор на јакнењето на НАТО

Русија ќе формира 12 нови воени бази на западот на земјата како одговор на јакнењето на НАТО и очекуваното проширување на воениот пакт на Финска и Шведска, изјави денес рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

EPA-EFE

„До крајот на годината, 12 воени бази и единици ќе бидат распоредени во Западниот воен округ“, им кажа Шојгу на функционери на министерството за одбрана и војската.

Тој предупреди на „порастот на воените закани на руските граници“, обвинувајќи ги НАТО и Соединетите Американски Држави.

Шојгу кажа дека освојувањето на источниот украински регион Луганск е речиси завршено и дека се предале 1.908 украински војници од челичарницата Азовстал во Мариупол.

„Ослободувањето на Луганската Народна Република е речиси завршено“, кажа рускиот министер за одбрана.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе