Рускиот министер за одбрана

Шојгу ги кажа деталите за делумната мобилизација

Вкупно 300.000 резервисти ќе бидат повикани да се борат во украинскиот конфликт, изјави рускиот министер за одбрана.

Фото: ЕПА
Русија ќе повика 300.000 резервисти да служат во конфликтот со Украина, во рамките на делумна национална мобилизација, објави во средата министерот за одбрана Сергеј Шојгу, додавајќи дека Москва има „огромен мобилизациски ресурс“.
 
Според Шојгу, мобилизацијата нема да важи ниту за студентите, ниту за регрутите. Министерот нагласи дека ќе бидат повикани само оние што веќе отслужиле војска.
 
„Тоа не се луѓе што никогаш не слушнале ништо за армијата. Тоа се оние што, прво, го завршиле воениот рок, второ, оние што имаат воена експертиза... и имаат воено искуство“, истакна тој.
 
Шојгу, исто така, нагласи дека Русија поседува огромна мобилизациска способност и може да повика речиси 25 милиони луѓе со одредено воено искуство. „Значи, може да се каже дека оваа делумна мобилизација е само 1%, или малку повеќе“ од вкупниот број луѓе што би можеле да се мобилизираат, додаде тој.
 
Министерот за одбрана истакна дека контакт-линијата меѓу Москва и силите на Украина е долга повеќе од 1.000 километри, а мобилизацијата ќе биде искористена за нејзина одбрана.
 
„Природно е дека оваа линија треба да се зајакне и тие територии (што ги држи Русија) да бидат контролирани. Се разбира, ова е целта на оваа работа“, рече тој, осврнувајќи се на напорите за мобилизација.
 
Претходно во средата, рускиот претседател Владимир Путин најави делумна воена мобилизација, опишувајќи го потегот како разумен и неопходен поради воената кампања во Украина.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе