Шестмина убиени во самоубиствен напад во Кабул, Талибанците го негираат нападот

Бомбаш самоубиец уби шест лица во близина на воената академија во авганистанскиот главен град Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Талибанците негираат вмешаност во експлозијата, а до сега никој не ја презема одговорноста за нападот, јави Ројтерс.

Експлозијата се случи утрово во близина на владиниот универзитет за одбрана, Воената академија Маршал Фахим, за време на утринскиот сообраќаен метеж.

Ова е прв голем напад во главниот град годинава и доаѓа во време на зголемена неизвесност во земјата кога американските и талибанските преговарачи во Катар се обидуваат да остварат мировен договор за да се стави крај на 18 годишната војна.

„Шест лица, вклучувајќи двајца цивили и четири воени лица се убиени“, изјави за Ројтерс портпаролот на Министерството за внатрешни работи Насрат Рахими, додавајќи дека 12 лица се повредени, од кои петмина цивили.

„Тоа не е наше дело“, рече портпаролот на Талибанците, Забихулах Муџахид, во текстуалната порака за Ројтерс.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе