Тој на Бледскиот форум кажа дека западниот наратив за конфликтот во Украина не е ист во земјите кои не се на европскиот и северноамериканскиот континент. Унгарскиот министер тоа го смета за своевиден стратегиски пораз на Европа и истакна дека затоа е клучно Европа што побрзо да постигне мир во своето опкружување.
„Мислам дека моменталната ситуација мора на сите јасно да им покаже дека Европската Унија мора да ја забрза интеграцијата, бидејќи колку сме поголеми, толку сме посилни“, кажа Сијарто.
„Ако не сме способни повеќе да интегрираме, особено Западниот Балкан, нè чекаат нови стратегиски проблеми“, заклучи Сијарто, министерот на земјата која доби изземање од европските санкции на рускиот енергетски сектор.
„Зошто купуваме гас од Русите? Бидејќи физички не можеме да го купиме на друго место. Затоа не ги поддржавме и нема да ги поддржиме енергетските санкции. И тоа нема руски аспект, тоа е чисто унгарско прашање“, заклучи Сијарто.