Шефот на унгарската дипломатија: Нè чекаат нови проблеми ако ЕУ не го интегрира Западниот Балкан

Европа ќе доживее нови стратегиски проблеми ако не успее во интеграцијата на земјите од Западниот Балкан, кажа денес унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто.

EPA-EFE

Тој на Бледскиот форум кажа дека западниот наратив за конфликтот во Украина не е ист во земјите кои не се на европскиот и северноамериканскиот континент. Унгарскиот министер тоа го смета за своевиден стратегиски пораз на Европа и истакна дека затоа е клучно Европа што побрзо да постигне мир во своето опкружување.

„Мислам дека моменталната ситуација мора на сите јасно да им покаже дека Европската Унија мора да ја забрза интеграцијата, бидејќи колку сме поголеми, толку сме посилни“, кажа Сијарто.

„Ако не сме способни повеќе да интегрираме, особено Западниот Балкан, нè чекаат нови стратегиски проблеми“, заклучи Сијарто, министерот на земјата која доби изземање од европските санкции на рускиот енергетски сектор.

„Зошто купуваме гас од Русите? Бидејќи физички не можеме да го купиме на друго место. Затоа не ги поддржавме и нема да ги поддржиме енергетските санкции. И тоа нема руски аспект, тоа е чисто унгарско прашање“, заклучи Сијарто.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе