Шефот на СЗО вели дека е загрижен поради претераната реакција на некои земји на омикрон

Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изрази загриженост за претераната реакција на некои земји на појавата на варијантата омикрон, велејќи дека наметнатите ограничувања можеби не се неопходни и дека тие неправедно ги казнуваат африканските земји.

EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE

„Добро ја разбирам загриженоста на сите земји да ги заштитат своите граѓани од варијанта што сè уште не ја разбираме целосно“, рече шефот на СЗО.

„Подеднакво сум загрижен што некои земји-членки воведуваат остри, општи мерки кои не се засновани на докази ниту се ефикасни сами по себе и само ќе ги зголемат нееднаквостите“, додаде тој.

Првпат забележана во Јужна Африка пред една недела, варијантата омикрон предизвика глобална узбуна, доведе до забрана за патувања и дополнително ја истакна несразмерноста помеѓу масовната вакцинација во богатите и ниската вакцинација во сиромашните земји.

Обраќајќи се на состанокот зад затворени врати, лидерот на СЗО апелираше до 194 земји-членки да се придржуваат до „рационални и пропорционални“ мерки, се наведува на веб-страницата на СЗО.

Сè уште има повеќе прашања отколку одговори за сериозноста на варијантата и ефективноста на вакцината, рече Тедрос.

Досега не е забележан ниту еден смртен случај поради омикрон, иако СЗО вели дека оваа варијанта на коронавирусот претставува висок ризик за ненадејното зголемување на бројот на заразени.

„Уште еднаш, им благодарам на Боцвана и Јужна Африка што толку брзо ја открија, секвенционираа и пријавија оваа варијанта“, рече Тедрос.

„Длабоко загрижувачки е што другите сега ги казнуваат тие земји затоа што ја направија вистинската работа“, истакна тој.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/DENIS BALIBOUSE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе