Шефот на СЗО му одговори на Трамп: Не го политизирајте вирусот

Шефот на Светската здравствена организација Тедрос Адханом Гебрејесус побара денес да не се политизира пандемијата, откако американскиот претседател Доналд Трамп ја обвини агенцијата на Обединетите нации дека е премногу блиска со Кина и дека лошо управува со кризата.

„Не го политизирајте вирусот. Нема потреба ковид-19 да се користи за собирање политички поени“, кажа тој за време на теле-конференција за медиуми на новинарското прашање за обвинувањата кои Трамп ги изнесе на сметка на Светската здравствена организација вчера.

„Имате многу други начини да се докажете“, додаде Гебрејесус и повика на „избегнување на играње со оган“. „Ве мола, политизирањето на вирусот ставете го во карантин“.

Претседателот Трамп ја критикуваше СЗО, оценувајќи вчера на брифинг за новинарите дека организацијата е преблиска со Пекинг. „Изгледа дека сѐ оди во корист на Кина, тоа не е прифатливо“, изјави Трамп и се закани со прекин на американското финансирање на СЗО.

Гебрејесус денес им се заблагодари на Соединетите Држави на „големата поддршка“ во борбата против пандемијата, но го повика светот да ги здружи напорите.

„Соединетите Држави и Кина би требало да се обединат во борбата против опасниот непријател. Се бориме против тој опасен вирус и треба да бидеме обединети. Да не си играме со оган пред вирусот кој експоненцијално напредува“, предупреди тој додека бројот на умрените во светот се приближува до 100.000.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе