Шефот на СЗО ги повика производителите на вакцини да се откажат од патентните права

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика производителите на вакцини да се откажат од патентните права до крајот на пандемијата на коронавирусот, за да може значително да се зголемат залихите на вакцини, велејќи дека овие „невидени времиња“ го оправдуваат тој потег.

Фото: ЕПА

Тој на прес-конференцијата рече дека земјите што произведуваат вакцини треба да се откажат од правата на „интелектуална сопственост“, што е предвидено со посебни одредби на Светската трговска организација за итни ситуации.

„Овие одредби постојат за итни случаи. Ако сега не е моментот да ги употребиме, тогаш кога е“, рече Тедрос.

Тој рече дека службениците на СЗО наскоро ќе се сретнат со претставници на индустријата за да ги идентификуваат тесните грла во производството и да бараат решенија.

Асошиејтед прес пренесе дека на три континенти има објекти чии сопственици велат дека за краток временски период би можеле да почнат да произведуваат стотици милиони вакцини против ковид-19 само кога би ја имале потребната рецептура и техничка поддршка.

Сепак, патентите им припаѓаат на големите фармацевтски компании што ги произведоа првите три вакцини, Фајзер, Модерна и Астра зенека, одобрени во Европската Унија, САД и Велика Британија.

Тедрос ја пофали Астра зенека за споделувањето на технологијата за производство на вакцините со компаниите, вклучувајќи го и Институтот за серум во Индија, но рече дека „главниот недостаток на овој пристап е недостигот од транспарентност“.

Фармацевтските компании, кои со голема брзина ги земаа парите на даночните обврзници од САД или Европа за да ги развиваат вакцините, велат дека преговараат за ексклузивни договори за лиценцирање со производители од случај до случај, затоа што мора да ја заштитат својата интелектуална сопственост.

Тедрос изјави дека преку програмата на ООН Ковакс оваа недела вакцини биле доставени во повеќе од 20 земји, но дека овие дози се доволни само за два до три проценти од населението во тие земји.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе