По блокирањето на летот на Лавров

Шефот на српската дипломатија ќе оди во Русија

Србија ја прифати поканата на шефот на руската дипломатија српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ да ја посети таа земја, јавуваат руските медиуми.

EPA-EFE

„Србија со големо задоволство и очекување ја прифати поканата на Сергеј Лавров Селаковиќ да ја посети Русија. Претседателот даде упатства да се организира посетата“, кажа рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан Харченко.

Откако беше откажана посетата на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров на Србија поради тоа што Македонија, Бугарија и Црна Гора го затворија воздушниот простор за неговиот авион, тој го покани својот српски колега во посета на Москва.

„Нашите односи со Србија нема да бидат уништени. Никој нема да ги уништи“, кажа Лавров. Додаде и дека го поканиле министерот за надворешни работи на Србија да ја посети Русија и дека се надева дека неговиот авион нема да доживее срамна блокада од Брисел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе