Шефот на Рајанер: Готова е ерата на летови кои чинат 10 евра

Шефот на Рајанер Мајкл О’Лири изјави дека компанијата повеќе нема да нуди летови по најниски цени поради растот на цените на горивата, пренесува Би-би-си. Наведува дека ерата на билети кои чинат 10 евра завршила. Просечната цена на авионската карта би пораснала од околу 40 евра на околу 50 евра во следните пет години. Сепак, О’Лири верува дека луѓето ќе продолжат да летаат и покрај сè поголемите цени.

EPA-EFE

Откако авионските билети станаа поевтини во последните децении, бројот на летови порасна, а сè повеќе луѓе одат на кратки одмори во странство. Воздухопловните превозници како Рајанер, Изиџет и Визер се натпреваруваат во понудата на евтини услуги без дополнителни трошоци.

Комерцијалните летови сега сочинуваат околу 2,4 отсто од глобалните емисии на јаглерод диоксид, а секторот се соочува со притисок да го намали своето влијание на климата, вклучувајќи ги компаниите за убедување на луѓето да преминат на железнички и патен сообраќај.

Меѓутоа, О’Лири тврди дека патниот сообраќај и бродовите вкупно повеќе придонесуваат на загадувањето и кажа дека фокусот на намалување на емисиите од воздушниот сообраќај е „погрешен“.

О’Лири кажа дека има „многу малку разбирање“ за аеродромите додавајќи дека ги знаат распоредите со месеци однапред и дека на безбедносниот персонал, кој е одговорност на аеродромите, им е потребна помала обука отколку на пилотите.

Тој го обвини лондонски Хитроу, кој го ограничи бројот на патници кои доаѓаат на аеродромот за време на лет, за „лошо управување“. Кажа дека се надева дека проблемите во британските аеродроми ќе бидат решени до следното лето, но и дека брегзитот ќе продолжи да создава предизвици при вработувањето персонал.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе