Шефот на НАТО најави средба со Шведска, Финска и Турција

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг објави дека во следните денови ќе собере високи претставници на Шведска, Финска и Турција за да се обиде да ја премости турската блокада на приемот на двете нордиски земји во НАТО.

EPA-EFE

„Во близок контакт сме со Турција, која е важен сојузник во НАТО, и со двете земји кои предадоа кандидатури за Алијансата, Финска и Шведска“, кажа Столтенберг на конференцијата за новинари со американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Ќе свикам состанок за неколку дена во Брисел со високи функционери“ за да се постигне напредок околу тие две кандидатури, додаде тој. Столтенберг сака да дојде до резултат пред самитот на НАТО во Мадрид од 28 до 30 јуни. „Истовремено знам дека за напредок е потребен договор на 30 сојузници, членки на НАТО“, призна.

По руската инвазија на Украина Шведска и Финска предадоа на 18 мај официјални кандидатури за влез во НАТО. Меѓутоа Турција се противи на нивното членство. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги обвинува Стокхолм и Хелсинки дека ги прифаќаат „терористите“ од Работничката партија на Курдистан (ПКК).

„Финска и Шведска јасно кажаа дека се спремни да разговараат за да одговорат на стравовите кои ги изнесе Турција“, особено околу заканата која ПКК ја претставува за Турција, објасни Столтенберг, кажувајќи дека тоа прашање го сфаќа „многу сериозно“.

„Знаеме дека ниедна друга членка на НАТО немала толку терористички напади како Турција“, кажа, додавајќи дека Анкара е важен сојузник поради својата географска позиција на границата со Ирак и Сирија, но и поради брегот на Црно Море, „во близина на Русија“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе

Иако е важно да бараме решенија за нашата заедничка историја и да се обидеме да ги разликуваме фактите од пропагандата, зарем не е исто така важно да научиме да живееме заедно и покрај нашите различни и силно политизирани гледишта?

повеќе

Нашето општество е социјално неправедно, а социјалната неправда е, и ќе биде погубна.

повеќе