Шефот на кинеската дипломатија: САД планираа посетата на Пелоси да предизвика криза за да го зголемат военото присуство

Американската влада намерно ја планираше посетата на шефицата на долниот дом на американскиот Конгрес Ненси Пелоси на Тајван за да предизвика криза и да го зголеми своето воено присуство во регионот, оцени денес кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.

EPA-EFE

„Соединетите Американски Држави имаат обичај прво да создадат проблем, а потоа да го користат за спроведување на своите стратегиски планови. Постојат знаци кои сигнализираат дека, планирајќи ја ненајавената посета на Пелоси на, САД повторно го искористија својот стар трик и во моментов ја користат шансата за да го зголемат своето воено присуство во регионот“, кажа Ванг.

Кинеската Народноослободителна армија на 4 август почна големи воени вежби со користење боева муниција во поморските региони околу Тајван, ден по посетата на Пелоси на Тајван.

Пелоси престојуваше во кратка ненајавена посета на Тајван, што наиде на остра осуда од Пекинг и предизвика раст на тензиите во Тајванскиот теснец.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе