Грлиќ Радман тоа го кажа пред министерската средба на земјите членки на ЕУ во Луксембург и, како што пренесува Хина, додаде дека „сè повеќе расте притисокот врз Белград да се одлучи по кој пат сака да оди“.
Од Србија, како земја која преговара за членство во ЕУ, се очекува да го продолжи усогласувањето на надворешната политика со политиката на ЕУ и според нејзините вредности и принципи, кажа хрватскиот министер.
Тој кажа дека на состанокот на шефовите на дипломатиите на земјите членки на ЕУ ќе стане збор за важноста на Западниот Балкан и стабилноста во регионот.
„Босна и Херцеговина е во длабока политичка криза. Преку изборната реформа треба да се обезбеди законитост и интегритет на претстојните избори во БиХ“, порача Грлиќ Радман.