Грлиќ со тоа на новинарите во Загреб им одговори на оценката на претседателот на државата Зоран Милановиќ дека треба да се блокира пристапот на тие земји во НАТО сè додека не се смени изборниот закон во Босна и Херцеговина.
„Можното членство на Шведска и Финска не е поврзано со БиХ“, истакна Грлиќ Радман додавајќи дека Хрватска „повторно мора да црвенее“ поради изјавите на Милановиќ.
Тој кажа дека поради изјавата на Милановиќ примил доста повици, меѓу другите и со финскиот колега и шведската министерка кои изразиле загриженост.
Шефот на хрватската дипломатија истакна дека Хрватска води политика на „отворени влади“ имајќи на ум дека Финска и Шведска се земји партнери со кои Хрватска е компатибилна во воена и политичка смисла.
„Мислам дека членството на Шведска и Финска во НАТО ќе придонесе на јакнењето на нашиот сојуз бидејќи тие земји и така се повикани и учествуваат на состаноците како земји партнери“, кажа Грлиќ Радман. Тој истакна и дека Хрватска секогаш ја имала поддршката од тие држави околу БиХ.