Шефот на Фајзер: Луѓето уште многу години ќе мора да се ревакцинираат против короната

Луѓето веројатно уште многу години ќе мора еднаш годишно да се вакцинираат против ковид-19, кажа шефот на Фајзер за Би-би-си. Алберт Бурла кажа дека мисли дека тоа ќе биде потребно за одржување „многу високо ниво на заштита“.

EPA-EFE

Британија обезбеди дополните 114 милиони дози од вакцините на Фајзер и Модерна кои ќе бидат испорачани во текот на следните две години. Пред една година Британија беше првата земја која ја одобри вакцината на Бајонтек/Фајзер.

Извршниот директор на Фајзер интервјуто за Би-би-си го дал пред појавата на варијантата омикрон, која за првпат беше идентификувана во Јужна Африка, и пред објавата дека владата на Обединетото Кралство потпишало договори за купување дополнителни 54 милиони дози со Бајонтек/Фајзер и 60 милиони дози со Модерна за 2022 и 2023.

Д-р Бурла кажа дека Фајзер веќе направил ажурирани вакцини како одговор на варијантите бета и делта. Компанијата сега работи и на вакцина која би била ефикасна и против омикрон, а според Бурла, се очекува да биде спремна за 100 дена.

Неколку глобални здравствени хуманитарни организации сметаат дека парите кои Фајзер, Бајонтек и Модерна ги заработуваат на пандемијата се неморални. Фајзер годинава ќе генерира најмалку 35 милијарди долари од продажба на вакцината против ковид, а цената на неговите акции скокна.

Бурла на тоа одговара дека „битната работа е дека милиони животи се спасени“.

Фајзер најави дека во рок од месец-два ќе исфрли нова формула за вакцина која може да се чува до три месеци во фрижидер, за што Бурла вели дека ќе „направи огромна разлика“ за земјите од супсахарска Африка.

Фајзер исто така ја разви антивирусната пилула Паксловид за која тврдат дека е речиси 90 отсто ефикасна против хоспитализација и смрт. Наскоро треба да биде одобрена во САД, а британската влада се согласи да купи дози за 250.000 пациенти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Продолжува активноста на копачите, крановите и мешалките за цемент додека самите Албанци се протерувани од градот. 

повеќе

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе