Шефот на дипломатијата на ЕУ: Готов е спорот на ЕУ со САД околу француските подморници

Трансатлантскиот спор на ЕУ и САД е готов, порача вчера шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел, еден месец откако Франција огорчено реагираше на создавањето на одбранбениот сојуз на САД, Британија и Австралија, поради кој изгуби голем договор за продажба на подморници на Австралија.

EPA-EFE

„Нема да бидеме мазохисти и уште еднаш да инсистираме на сопствените проблеми“, кажа Борел во Вашингтон. „Тоа беше инцидент, дојде до недоразбирање, имаше недостиг од комуникација.

Тое е тоа, готово е. Одиме напред“, порача тој.

Франција минатиот месец ги отповика своите амбасадори и ги обвини САД и Австралија за забивање нож во грбот откако Канбера го откажа повеќе десетици милијарди вредниот договор за купување на француските подморници.

Канбера објасни дека се решила на купување подморници на нуклеарен погон среде растечките тензии со Кина, а ќе ги добие во рамки на воениот пакт Аукус со САД и Британија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе