Шефот на ЦИА: Путин изгледа премногу здрав

Директорот на ЦИА Вилијам Барнс вели дека нема разузнавачки информации дека Владимир Путин е нестабилен или во лоша здравствена состојба.

Фото: ЕПА

Во медиумите сè повеќе се шират непотврдени шпекулации дека рускиот претседател, кој годинава ќе наполни 70 години, боледува од лоша здравствена состојба. Имаше шпекулации дека Путин има рак. Но, Барнс вели дека нема докази што укажуваат на тоа, пренесува Би-би-си.

„Има многу гласини за здравјето на претседателот Путин. Но, Путин изгледа премногу здрав“, коментираше Барнс за време на безбедносниот форум во Аспен во Колорадо. Барнс е поранешен американски амбасадор во Москва и морал да го набљудува Путин и да соработува со него повеќе од 20 години.

Директорот на ЦИА зборуваше за Путин откако САД објавија дека на Украина ќе ѝ испратат уште оружје со долг дострел. Претходно шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека воениот фокус на Русија во Украина не е веќе само Истокот, и имплицираше дека стратегијата на Москва се променила откако Западот ја опреми Украина со такво оружје.

„Путин греши ако мисли дека ќе победи во крвавата војна во Украина. И порано се покажуваше дека греши кога мислеше дека неговите сили можат да го заземат Киев во првите неколку дена од инвазијата. Путин навистина верува во својата реторика. Го слушнав како приватно вели, во текот на годините, дека Украина не е вистинска држава. Вистинските држава возвраќаат, а Украина го направи токму тоа“, коментираше Барнс.

САД проценуваат дека досега во Украина се убиени околу 15.000 Руси, а околу 45.000 се ранети, рече Барнс, оценувајќи дека украинските загуби се малку помали.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе