Шефот на британската армија: Мора да се подготвиме да се бориме против Русите во Европа

Шефот на британската армија им рекол на своите војници да се подготват да се борат во Европа и да ја поразат руската армија во копнена војна.

 

Фото: ЕПА

„Ние сме генерацијата што мора да ја подготви армијата да се бори повторно во Европа“, ги предупреди војниците генералот Сер Патрик Сандерс кој ја презеде целокупната команда на британската армија оваа недела, среде руската инвазија на Украина.

„Јас сум првиот началник на Генералштабот од 1941 година што ја презема командата на армијата во сенка на копнената војна во Европа во која е вклучена континентална сила. Размерите на постојаната закана од Русија покажуваат дека влеговме во нова ера на несигурност. Моја единствена должност е да ја направам нашата војска колку што може посмртоносна и поефикасна. Време е сега таа наша можност да ја искористиме“, предупреди тој во пораката до британските војници.

Ова доаѓа во време кога рускиот претседател Владимир Путин на средбата со неговиот казахстански колега Касим Џомарт Токаев изјавил дека поранешните советски држави во Европа се „дел од историска Русија“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе