„Москва ќе плати висока цена ако го направи тоа“

Шефот на американската дипломатија: САД имаат доказ дека Русија планира инвазија на Украина

САД соопштија денес дека „имаат доказ“ кој покажува дека Русија планира „значително поагресивно дејствување против Украина“ и ветија дека Москва ќе плати „висока цена ако го спроведе тоа“.

EPA-EFE

„Многу сме загрижени од доказите за планови на Москва за значително поагресивно дејствување против Украина, планови кои вклучуваат напори кон дестабилизација на Украина одвнатре како и воени операции од големи размери“, изјави државниот секретар на САД Ентони Блинкен на крајот на состанокот на министрите за надворешни работи на членките на НАТО во Рига.

Тој ја обвини Москва дека групира дополнителни десетици илјади војници во близина на границата.

„Не знаеме дали претседателот Путин донел одлука за инвазија. Знаеме дека е во тек воспоставување на капацитети за да може тоа што побрзо да го направи ако така одлучи“, кажа Блинкен.

Тој истакна дека дипломатијата е единствениот начин да се реши таа потенцијална криза во очекување на средбата со својот руски колега Сергеј Лавров утре во Шведска.

Шефот на американската дипломатија предупреди дека секаква агресија од страна на Москва би имала „длабоки и трајни последици“.

„Јасно му кажавме на Кремљ дека ќе одговориме, особено со низа економски мерки со големо влијание, мерки кои досега се воздржувавме да ги донесеме“, кажа Блинкен.

Истакна дека сојузниците од НАТО „внимаваат Украина да има средства да се брани“.

Воениот пакт ќе размисли што треба да направи во случај на нова руска агресија за да ја зајакне сопствената одбрана во рамки на јакнењето на силите на своето источно крило.

Москва денес го обвини Киев дека трупа десетици илјади војници на истокот на земјата додека расте вознемиреноста поради можна ескалација на тој конфликт. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повика на директни разговори со Москва.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе

Зголемувањето на цените на храната се случува од причини кои се многу посложени отколку зголемувањето на другите цени, така што справувањето со тие причини бара различни стратегии. 

повеќе