Шефот на американската дипломатија: Нема да има преговори за Украина без Украина

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му вети на Киев дека „нема да има преговори за Украина брз Украина“, пред неделата преговори, пред сè американско-руските, за кризата која ја зафати земјата.

EPA-EFE

Во телефонскиот разговор со украинскиот колега Дмитро Кулеба, Блинкен спомнал „можни одговори на Соединетите Држави и нивните сојузници“ на трупањето руски сили на границата со Украина, се наведува во соопштението на неговиот кабинет.

Двајцата лидери наводно разговарале за дијалогот кој почнува во понеделник со директните американско-руски разговори во Женева пред состанокот на НАТО и Русија во среда во Брисел и состанокот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ), чиј член е Киев, во четврток во Виена.

Блинкен ја потврдил „цврстата поддршка на САД на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина пред руската агресија која таму се случува“, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

Западот и Украинците со недели ги обвинуваат Русите дека трупаат десетици илјади војници на своја територија во близина на украинската граница поради можна инвазија и отворено му се заканија на рускиот претседател Владимир Путин со „сеопфатни санкции“ какви што не се видени ако „повторно ја нападне соседната земја“.

Москва од своја страна бара гаранции дека НАТО повеќе нема да се шири на исток.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе