Шефицата на ММФ до владите во светот: Трошете што повеќе

Владите низ светот би требало повеќе да трошат за да помогнат да заживее од пандемијата разнишаното стопанство, порача директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева.

EPA-EFE

Таа не изнесе никакви конкретни економски прогнози, но јасно даде до знаење дека сака владите да ја зголемат потрошувачката и повторни дека меѓународно синхронизираниот пристап во решавањето на проблемот е најдобар за растот.

„ММФ во 2020 година обезбеди финансиска поддршка за 83 земји“, кажа Георгиева.

Додаде дека од аспект на актуелните политики, таа уште од март 2020 година апелира до државите повеќе да трошат.

„Трошете колку што можете, а потоа потрошете и малку повеќе од тоа. И понатаму се залагам за прилагодување на монетарните и фискалните мерки кои ја штитат економијата од крах во момент кога со причина ги ограничуваме и производството и потрошувачката на населението“, кажа шефицата на ММФ.

Георгиева го пофали синхронизираниот одговор на Русија на економските предизвици предизвикани од пандемијата на ковид-19, спомнувајќи ги во тој контекст монетарното ублажување на централната банка и фискалните поттици на министерството за финансии.

Таа, исто така, повика на поголема меѓународна соработка во напорите за дигитален и зелен раст, како што тоа беше случај за време на активностите на развојот на вакцините против ковид-19.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Богатите држави мораат веднаш да донираат вакцини против ковид-19 на загрозените држави. 

повеќе

Можеби ни треба регистар на погрешни перцепции на граѓаните за криминалот и корупцијата во државата.

повеќе

Младите бараат подобар живот надвор од државата, бидејќи доаѓаат до заклучок дека приватните компании и странските организации им пружаат поголема поддршка и повеќе ги вреднуваат отколку сопствената држава.

повеќе