Шефицата на ЕУ: Време е „да размислиме за задолжителна вакцинација“

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен ги повика земјите во Европската унија да „размислат" за задолжителна вакцинација против ковид за граѓаните, додека блокот подготвува „заеднички пристап" против пандемијата.

Фото: ЕПА

Говорејќи на прес-конференција, шефицата на Европската комисија предложи земјите-членки да се придвижат кон задолжителна вакцинација против ковид за да помогнат да се спречи ширењето и понатамошниот скок на заразата поради појавата на нови варијанти, како што е варијантата омикрон.

„Мислам дека е разбирливо и соодветно да се води оваа дискусија сега, за да ја поттикнеме и потенцијално да размислиме за задолжителна вакцинација во рамки на Европската унија“, рече фон дер Лајен, додавајќи дека борбата против пандемијата бара „заеднички пристап“ низ целиот блок.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе