Од улиците на Шангај и Пекинг до десетици универзитетски кампуси, демонстрантите изразија невидена граѓанска непослушност откако лидерот Си Џинпинг ја презеде власта пред една деценија, со задушување на несогласувањата и со воспоставување широк високотехнолошки систем за социјален надзор.
„Се надеваме дека ќе ставиме крај на карантинот“, рече 28-годишниот Ши во Пекинг доцна во неделата. „Сакаме да живееме нормален живот. Сите треба храбро да ги изразиме своите чувства“.
Blank sheets of paper have become an iconic item during China Covid protests
— BBC News (World) (@BBCWorld) November 28, 2022
Many are now referring to the movement as the "white paper revolution" or the "A4 revolution"
Follow latest ⬇️
Демонстрантите носеле празни бели листови, поради што протестите се наречени „револуција на белата хартија“ или „револуција А4“, наведува Би-би-си, додавајќи дека причината за демонстрациите со бели листови би можела да биде да се избегне цензура.
Нема знаци за нови протести во понеделникот во Пекинг или Шангај. Бирото за јавна безбедност не одговори веднаш на барањето за коментар на Ројтерс.
Реакцијата против ковид ограничувањата е назадување за напорите на Кина да го искорени вирусот, кој заразува рекорден број луѓе три години откако се појави во централниот град Вухан.
Политиката на нулта-ковид го задржа официјалниот број на починати во Кина во илјадници, во споредба со повеќе од еден милион во Соединетите Држави, но тоа е по цена на долги затворања на многу милиони во нивните домовите и големо нарушување и наштетување на втората по големина економија во светот.
Напуштањето на таа политика би значело одвраќање од политиката за која се залага Си. Исто така, би се ризикувало презаситување на здравствениот систем и широко распространување на болеста и смртни случаи во земјата со стотици милиони стари лица и ниско ниво на имунитет на ковид, велат експертите.
Протестите ги разбрануваа глобалните пазари во понеделникот, предизвикувајќи пад на цените на нафтата, раст на доларот и остар пад на кинеските акции и јуанот.
Кинеските државни медиуми не ги спомнаа протестите, наместо тоа ги повикаа граѓаните да ги почитуваат ковид правилата. Многу аналитичари велат дека Кина најверојатно нема повторно да се отвори пред март или април и дека ѝ треба ефикасна кампања за вакцинација пред да го стори тоа.
People being forced to delete photos by the police today at the of the last two days of protests #shanghai #china pic.twitter.com/VS1kFSoh3x
— Edward Lawrence (@EP_Lawrence) November 28, 2022
Доцна во неделата, во трговскиот центар Шангај, каде што 25 милиони жители беа заглавени во своите домови во април и мај, демонстрантите се судрија со полицијата, при што безбедносните сили одведоа полн автобус луѓе.
BBC says one of its journalists in China was arrested and beaten by police on Sunday while covering protests in Shanghai against the country's zero-Covid policyhttps://t.co/1d6l6HQlqa pic.twitter.com/9vEXSs1IYc
— AFP News Agency (@AFP) November 28, 2022
Би-би-си соопшти дека полицијата нападнала и привела еден нивен новинар кој известувал за настаните пред да го ослободат по неколку часа. Новинар на Ројтерс, исто така, бил приведен околу 90 минути во неделата навечер, пред да биде ослободен.