Северодоњецк: Украина нареди силите да се повлечат од клучниот источен град

Според високиот регионален претставник на украинските сили им е наредено да се повлечат од Северодоњецк. Источниот град претрпе неколку недели бомбардирање додека руските сили се обидуваат да преземат целосна контрола врз регионот.

Фото: ЕПА

Украинското повлекување би било значајно бидејќи ќе го остави цел Луганск под руска контрола, освен градот Лисичанск. Луганск е регион во источна Украина во кој главно се зборува руски јазик и е клучен приоритет за претседателот Владимир Путин, заедно со регионот Доњецк го сочинуваат Донбас голема индустриска област која е во фокусот на сепаратистичкото движење поддржано од Русија од 2014 година.

Владимир Путин лажно тврди дека тие што говорат на руски јазик во Донбас биле жртви на геноцид што е клучно оправдување за неговата инвазија на Украина.

За возврат Украина ја обвинува Москва дека извршила геноцид врз украинскиот народ со неселективно бомбардирање и гранатирање.

Руските сили речиси го опколија Северодоњецк во последниве денови, а цел е и неговиот збратимен град Лисичанск.

„Останувањето на позиции кои беа немилосрдно гранатирани со месеци едноставно нема смисла. Украинските сили добија наредба да се повлечат на нови позиции и оттаму да продолжат со своите операции“, изјави Серхи Хајдаи регионалниот шеф на Луганск за украинската телевизија.

Началникот на областа Северодоњецк Роман Власенко рече дека украинските војници се уште се во градот и дека повлекувањето сепак може да потрае некое време. Градската инфраструктура е целосно уништена, додаде тој, при што над 90 отсто од куќите се гранатирани а 80 отсто од нив се критично оштетени. Се смета дека стотици цивили остануваат во Северодоњецк, а многумина бараат засолниште во хемиската фабрика Азот.

Во четвртокот руските сили презедоа контрола на повеќе територии јужно од Северодоњецк и Лисичанск, што ги зголеми стравувањата дека украинските сили наскоро би можеле да бидат опколени таму.

 Тој рече дека цивилите се уште се евакуираат од Лисичанск, а помошта се уште се доставува до градот, и покрај тоа што патиштата и мостовите што водат во градот се уништени.

 

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе