„НЕ СЕ ЗАДЕВАЈТЕ СО НАС“

Северна Кореја: „Во суперсилен превентивен напад ќе ги пеплосаме САД“

Севернокорејските државни медиуми ги предупредија САД дека Северна Кореја ќе изврши „суперсилен превентивен напад“ откако американскиот државен секретар Рекс Тилерсон изјави дека САД се во потрага по начини да се изврши притисок врз Северна Кореја поради нејзината нуклеарна програма.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, зазеде остар став кон севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, кој ги отфрли предупредувањата од својот единствен сојузник Кина и продолжи со нуклеарните и ракетните програми, и покрај санкциите од Советот за безбедност на ОН, вели Ројтерс.

Официјалниот весник на владејачката Работничка партија во Северна Кореја, Родонг Синмун, не штеди на критики и закани.

„Во случај да почне нашиот суперсилен превентивен напад, тој целосно и веднаш ќе ги збрише не само империјалистичките освојувачки сили на САД во Јужна Кореја и околните области, туку и американското копно, и ќе ги пеплоса“, вели весникот.

Изолираната Северна Кореја редовно се заканува дека ќе ги уништи Јапонија, Јужна Кореја и САД, вели Ројтерс, и покажа дека воинственоста не ѝ е намалена по неуспешниот ракетен тест во неделата, еден ден по изложувањето огромен број проектили на парадата во Пјонгјанг.

„Го разгледуваме статусот на Северна Кореја, како во однос на државното спонзорство на тероризмот, така и на други начини на кои можеме да извршиме притисок врз режимот во Пјонгјанг повторно да комуницира со нас, но повторно да комуницира со нас на основа поинаква од таа на разговорите во минатото“, изјави за новинарите Тилерсон во средата во Вашингтон.

Заменик-претседателот на САД, Мајк Пенс, кој е на турнеја кај азиските сојузници, постојано повторува дека „ерата на стратегиско трпение“ со Северна Кореја е завршена.

Американскиот конгресен спикер, Пол Рајан, за време на посета на Лондон рече дека воената опција мора да биде дел од притисокот.

„Дозволувањето овој диктатор да има таков вид моќ не е нешто што цивилизираните народи можат да го толерираат“, рече тој за Ким.

Не треба да паднеме во замката која не втурнува во спиралата на континуирано себепоништување.

повеќе

Инвестицијата за изградба на автопатиштата Штип-Миладиновци и Кичево-Охрид повеќе личи на наш подарок за Кинезите, отколку на вистинска инвестиција.

повеќе

На заштитата на животната средина треба да се гледа како на животно важен дел од управувањето на државата.

повеќе