Северна Кореја уште тврди дека нема заразени, СЗО ги објави податоците од таа земја

Северна Кореја, која тврди дека сè уште нема ниеден потврден случај на ковид-19, вели дека продолжува да ги тестира граѓаните за коронавирус и дека повеќе од 500 лица се ставени во карантин, соопшти денес Светската здравствена организација.

СЗО, која вели дека добива „неделни вести“ од Министерството за здравство на Северна Кореја, рече дека земјата има капацитети за тестирање во националната референтна лабораторија во Пјонгјанг.

„Од 2 април тестирани се 709 лица, 11 странци и 698 граѓани на Северна Кореја. Нема потврдени случаи на коронавирусот. 509 лица се во карантин, од кои двајца се странци“, одговорил по мејл Едвин Салвадор, претставник на СЗО во Северна Кореја.

„Од 31 декември, 24.842 лица се пуштени од карантин, вклучувајќи 380 странци“, додаде тој.

СЗО била известена дека Северна Кореја во јануари од сојузничка Кина примила опрема потребна за дијагностички тестови, а СЗО ѝ испратила резерви заштитна опрема.

На официјалната веб-страница на институтот Џон Хопкинс се наведува дека над 1,43 милиони луѓе низ светот се заразени, а над 82.000 починале во 184 земји и територии. Нема потврдени случаи во Северна Кореја, Лесото, Таџикистан, Туркменистан и Јемен, меѓу другите.

Експертот за човекови права на ООН повика на укинување на меѓународните санкции кон земјите, вклучително и Северна Кореја, за да се обезбеди дека снабдувањето со храна се испраќа до гладните популации за време на пандемија. Санкциите на Северна Кореја ѝ се воведени поради нуклеарните и балистичките програми.

Некои странски експерти се сомневаат во податокот дека Северна Кореја, која граничи со Кина и Јужна Кореја, обете земји силно погодени од епидемијата, нема откриено ниеден случај на ковид-19.

Северна Кореја ги засили граничните контроли и воведе карантин.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе