Северна Кореја тврди дека ја има короната под контрола

Северна Кореја трет ден по ред пријави помалку од 200.000 случаи на „треска" и потврди дека ситуацијата со овој проблем „ја има под контрола".

Фото: ЕПА

Во последните 24 часа се забележани нешто повеќе од 134.000 случаи на „треска“, односно сомнителни случаи на ковид-19. Но, тој број продолжува да опаѓа, за разлика од минатата недела кога Северна Кореја пет дена по ред пријавуваше повеќе од 200.000 случаи во 24 часа.

Исто така, во последните 24 часа не е пријавен ниту еден смртен случај поврзан со „треска“.

Од 12 мај, кога беа пријавени првите случаи поврзани со ковид-19, во земјата се пријавени речиси три милиони случаи поврзани со епидемија, но нешто повеќе од два и пол милиони оздравија во меѓувреме, а околу 400.000 случаи во моментот се на лекување. Досега починаа 68 лица.

Се претпоставува дека Северна Кореја, поради недостаток на тестови за коронавирус, не известува дека сите случаи се поврзани со ковид-19, туку ги води како случаи со симптоми на треска.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе