Пјонгјанг од почетокот на годината лансираше повеќе од десет пробни проектили, а во март и интерконтинентална балистичка ракета (ИЦБМ), за прв пат од 2017 година.
Севернокорејскиот режим исто така најави дека ќе продолжи да го развива својот нуклеарен арсенал игнорирајќи ги повиците на САД за дијалог.
Пробното лансирање во среда се случува неколку дена пред 10 мај, кога новиот јужнокорејски претседател Јун Сук Јол ќе ја преземе функцијата, кој најави построг став кон Северна Кореја.