Северна Кореја го оцени повикот за прогласување крај на Корејската војна за преуранет

Повикот на Јужна Кореја да прогласи формален крај на Корејската војна е преуранет, бидејќи не постои гаранција дека ќе доведе до повлекување на „американската непријателска политика" кон Пјонгјанг, изјави во петокот заменик-министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ри Тае Сонг, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Јужнокорејскиот претседател Мун Џае Ин во вторникот го повтори повикот за формално завршување на Корејската војна во обраќањето пред Генералното собрание на ОН, предлагајќи двете Кореи со САД, или со САД и Кина, да прогласат таква декларација.

Двете Кореи сè уште се технички во војна, откако нивниот конфликт 1950-1953 година заврши со примирје, а не со мировен договор.

„Ништо нема да се промени се додека политичките околности околу Северна Кореја останат непроменети и непријателската политика на САД не се промени, иако крајот на војната е прогласен стотици пати“, рече Ри за државниот медиум КЦНА.

Тој додава дека повлекувањето на американските двојни стандарди и непријателските политики се врвен приоритет за стабилизирање на ситуацијата на корејскиот полуостров и обезбедување мир на него.

Мун во петокот рече дека е уверен дека Пјонгјанг ќе сфати дека во негов интерес е дијалог со Вашингтон, но не е сигурен дека тој момент ќе дојде за време на неговиот мандат, кој завршува во 2022 година.

„Се чини дека Северна Кореја сè уште ги одмерува можностите додека ја држи вратата за разговори отворена, иако ги зголемува тензиите на ниско ниво, таман толку за САД да не ги прекинат сите контакти“, рече Мун Џае Ин.

Во вторникот, американскиот претседател Џо Бајден се обрати пред собранието на ОН и истакна дека САД сакаат „трајна дипломатија“ за решавање на кризата околу нуклеарната и балистичка ракетна програма на Северна Кореја.

Северна Кореја ги отфрли американските напори за дијалог, а лидерот на УНДП оваа недела рече дека нуклеарната програма на Пјонгјанг оди „со полна пареа“.

Северна и Јужна Кореја тестираа балистички проектили минатата недела и сега обете развија напредно оружје, во услови на залудни напори да започнат преговори за намалување на тензиите.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе