Сеул: Северна Кореја веројатно тестирала проектил лансиран од подморница

Северна Кореја веројатно тестирала проектил способен да носи нуклеарно оружје лансиран од подморница, објави јужнокорејската војска. Северна Кореја лансираше балистички проектил денес кај Синпоа на источниот брег, објави генералштабот. Проектилот бил лансиран кон отворено море.

EPA-EFE

Најверојатно станува збор за балистичка ракета со краток дострел лансирана од подморница. Јужнокорејската војска е спремна за можни понатамошни лансирања на проектили од соседната земја, се наведува во соопштението.

Северна Кореја продолжува со развојот на своите балистички проектили. Вообичаено станува збор за проектили земја-земја кои, зависно од дизајнот, можат да носат една или повеќе нуклеарни боеви глави. Модерните проектили со краток дострел се дел од развојот на тоа оружје.

Резолуциите на ОН му забрануваат на Пјонгјанг тестирање балистички проектили.

Северна Кореја веќе некое време тврди дека има технологија на балистички проектили со краток дострел, но нејзините тврдења за претходни тестови од поморница се спорни. Се сомнева дека Северна Кореја за таа цел можеби користела подводна платформа. На непријателот му е потешко да ги открие проектилите испукани од подморница.

Пјонгјанг годинава веќе спроведе десетина контроверзни тестирања на проектили, вклучувајќи барем едно тестирање на интерконтинентална балистичка ракета. Неодамна Северна Кореја лансираше балистички проектил кон Јужна Кореја и Јапонија. Остана нејасно за каков вид на проектил станува збор. Не е исклучено дека продолжуваат тестирањата на интерконтинентални проектили.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе