Сеул: Ким побесне поради короната, убива луѓе и ја затвора земјата

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил да се погубат две лица, бесен поради пандемијата на коронавирусот, вели Сеул.

Фото: ЕПА

Јужнокорејскиот политичар Ха Тае-кјунг им изјави на новинарите дека добил информација од разузнавачките служби дека во август бил убиен севернокорејски царински службеник затоа што дозволил увоз на стока од Кина, не почитувајќи ги мерките за спречување на ковид-19. Службеникот работел во Синуиџу, град на границата со Кина.

Јужнокорејските шпионски служби велат дека Ким Џонг-ун донел „неразумни превентивни мерки“ и дека во октомври наредил да се погуби брокер, откако севернокорејската валута вон падна во однос на доларот.

Како дел од хистеричните обиди да се запре ширењето на короната и да се влијае врз економијата, Ким Џонг-ун забранил риболов и производство на сол од морска вода за вирусот да не влезе во земјата преку море.

Севернокорејскиот лидер наредил и затворање на Пјонгјанг и на северната провинција Јанганг со цел да се спречи ширењето на вирусот, а Пјонгјанг наводно се обидел, без успех, да хакира најмалку една јужнокорејска фармацевтска компанија што работи на развој на вакцина против ковид-19, според Сеул.

Пјонгјанг и понатаму да инсистира дека кај нив не е регистриран ниту еден случај на вирусот, што странските експерти го негираат. И покрај тврдењата дека се земја без коронавирус, Северна Кореја ги презема сите мерки за да спречи влегување на вирусот, што би го уништило нејзиниот и онака слаб здравствен систем.

Поради пандемијата, Северна Кореја беше принудена да ја затвори границата со Кина, нејзиниот најголем трговски партнер и сојузник, и тоа во време кога беше погодена од серија летни елементарни непогоди, што дополнително ја притисна веќе кревката економија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе