Сервер: Вучиќ нема да го признае Косово

Професорот на Универзитетот Џонс Хопкинс Даниел Сервер изјави дека верува дека претседателот на Србија Александар Вучиќ нема да ја признае независноста на Косово.

EPA-EFE

„Тој (Вучиќ) вели дека нема. Јас му верувам. Мислам дека Србија најверојатно ќе има нов претседател пред да го признае Косово“, кажа Сервер.

Тој кажа и дека мисли дека всушност не постои политичка илузија дека Косово и понатаму е Србија.

„Сите политичари во Србија сфаќаат дека никогаш повеќе нема да управуваат со Косово и дека ќе мора да го признаат неговиот суверенитет и независност како услов за пристапување во Европската Унија“, кажа Сервер.

Додаде дека политичарите во Србија „само уште го користат прашањето на Косово за да добијат некои политички поени на домашен план и да го одвратат вниманието од лошата економска ситуација“.

На констатацијата дека голем број луѓе во Србија тврдат дека Косово е срцето на Србија, повторувајќи ја мантрата за „српската света земја и духовната колепка“, Сервер одговори дека „ако тоа го прават, треба да одат и да го посетат Косово а речиси никој не го прави тоа“.

Сервер Вашингтонскиот договор го спореди со „ретка каша“.

„Мислам дека сето тоа е една ретка каша. Доколку навистина сакате вистинска нормализација, потребно е да се додаде многу месо“, истакна Сервер и додаде дека договорот од Вашингтон е само алатка во изборната кампања на американскиот претседател Доналд Трамп.

„Тој договор нема да вреди ни колку хартијата на која е отпечатен доколку неговата имплементација не ја следи голема поддршка. Досега нема речиси ништо, или многу малку, освен изјави. Тоа е единствената вредност“, смета американскиот професор.

Тој оцени и дека планот за размена на територии не е закопан.

„Не е. Тоа е зомби кои талка по земјата чекајќи ја следната будала да го оживее“, кажа Сервер.

На прашањето дали Балканот за Русија е навистина бојно поле каде се труди да го сопре ширењето на НАТО и ЕУ, Сервер кажа дека мисли дека тоа е целта на Русија.

„Да, тоа е целта на Русија, вклучувајќи го загрозувањето на владеењето на демократијата во Србија, Македонија, Црна Гора и на Косово. Сепак, Москва не троши премногу ресурси во тие напори. Сето тоа се прави на евтин начин со надминати методи. Балканот не ѝ е поважен на Москва отколку што му е на Вашингтон. Поради тоа Брисел би морал многу повеќе да се фокусира на регионот“, заклучи Сервер.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе

Германија не го негира своетo фашистичко минато, ниту дека ја окупирала Франција, па следствено, не се ни менувани ни учебниците во обете земји, ниту се бришани делови од споменични натписи.

повеќе

Некогаш, долго после нашава посета на овој свет ќе се појави некој кој ќе го интересира нашиот престој тука.

повеќе