Сериозно предупредување: На Франција ѝ се заканува „топлотна апокалипса“ (ВИДЕО)

На Западна Франција ѝ се заканува „топлотна апокалипса", предупредуваат експертите, во време кога во поголемиот дел од Европа се забележуваат екстремни температури.

Фото: ЕПА

Температурите би можеле да достигнат рекордни нивоа во 15 региони во југозападна Франција. Пожарникарите се борат со шумски пожари, а илјадници луѓе се принудени да се евакуираат. Поради пожарите во Шпанија, Португалија и Грција, уште илјадници луѓе се евакуирани, јави Би-би-си.

Рекордни температури се очекуваат и во Обединетото Кралство. За прв пат во историјата земјата прогласи т.н црвено предупредување за екстремна топлина.

Во изминатите денови повеќе од 16.000 луѓе се евакуирани поради шумските пожари во Франција, а властите подготвија засолништа за евакуираните. Жиронд, популарен туристички регион на југозападот на Франција, е особено погоден. Пожарникарите се обидуваат да ги стават под контрола пожарите кои од минатиот вторник изгореа над 14.000 хектари.

„Одеднаш видовме бескрајни огнени џебови покрај патот. Горат дрвјата. Пожарникарите покрај патот постојано се обидуваат да ги локализираат најсериозните пожари. Се обидуваат да го спречат пожарот да се прошири. Работата е пеколна, а чадот е насекаде“, изјави репортер на Би-би-си.

Шест канадери се обидуваат да ги изгаснат пожарите, додаде новинарот.

Жан-Лук Глез, претседател на регионот Жиронд, за Би-би-си изјави дека пожарите продолжуваат да се шират во Ла-Тест-де-Буч и Ландирас поради топлото и ветровито време, што на пожарникарите им го отежнува гаснењето.

„Мора да се борат со пожарот што само се шири и шири“, рече Глез, додавајќи дека ќе бидат евакуирани уште села.

Поради топлотниот бран, метеоролог во интервју за АФП предупреди на „топлотна апокалипса“ во некои делови на југозападна Франција.

Шпанија и Португалија пријавија повеќе од 1.000 смртни случаи како резултат на екстремните горештини во последните денови.

Во централната шпанска провинција Замора, која ја пустошат пожари од викендот, во планинскиот венец Сиера де ла Кулебра е пронајдено тело на овчар. Тој е втората жртва на пожарот во Замор. Имено, 62-годишен пожарникар загинал во неделата борејќи се со пожарот.

Гори и во североисточниот регион на Каталонија, исто како и во ридовите Мијас кај Малага. Пожарите голтаат големи површини и во Кастиља и Леон, Галиција и Екстремадура, кои денеска ќе ги посети шпанскиот премиер Педро Санчез.

Пожарите во Португалија се главно под контрола и покрај температурите кои минатиот четврток достигнаа неверојатни 47 степени Целзиусови.

Но, во третина од Португалија сè уште е на сила предупредување за „екстремен ризик од пожар", предупреди националната метеоролошка агенција. Причината е силна или екстремна суша во речиси целата земја.

Ова е втор топлотен бран што погоди делови од Југоисточна Европа во последните недели.

Топлотните бранови стануваат сè почести, поинтензивни и подолго траат поради климатските промени предизвикани од човековата активност.

Енрике Санчез, декан на Факултетот за животна средина и биохемија на шпанскиот универзитет Кастиља-Ла Манча, вели дека топлотните бранови наскоро ќе станат секојдневие.

„Нема шанси, во следните години, температурите да не се зголемат, што значи дека топлотните бранови ќе станат сè почести, низ цела Европа", рече Санчез.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе

Според последното истражување на организацијата ПИНА, базирано врз анкети направени со 103 новинарки, 24,1% од новинарките добиле закани за физичко насилство, а 19,5% и закани по животот.

повеќе