Сепаратистите: Командантите на Азов не се предадоа, сѐ уште се во челичарницата

Лидерот на самопрогласената Народна Република Доњецк, Денис Пушилин, вели дека украинските команданти во Азовстал во Мариупол не се меѓу оние што досега се предале.

Фото: ЕПА

И сепаратистите и руското Министерство за одбрана соопштија дека околу 960 бранители на Азовстал се предале. Некои беа пренесени во болници, но повеќето беа однесени со автобус во поранешна казнена колонија во одметничкиот регион.

Доњецката новинската агенција го цитираше Пушилин: „Во моментов ги нема највисоките команданти, тие не заминале. Но ова е засега“.

Русија претходно објави дека вкупно 959 украински борци, вклучувајќи 80 ранети, се предале од понеделникот од бункерите и тунелите под фабриката за челик Азовстал во Мариупол. 

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 694 украински борци се предале во изминатите 24 часа, вклучително и припадници на Азовскиот полк, вклучувајќи 29 ранети.

Според истиот извор, 51 ранет се сместени во болница во Новоазовск, населба под контрола на Русите и нивните сепаратистички сојузници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе