На Процесот Брдо-Бриони

Седум балкански држави го поддржаа безвизниот режим на Косово, меѓу нив и Србија

Сите држави членки на Процесот Брдо-Бриони, меѓу нив и Србија, денес едногласно ја поддржаа препораката на Европската Унија на Косово да му се укинат визите до крајот на оваа година.

EPA-EFE

„Четири години поминаа откако Европската комисија во 2018 потврди дека Косово ги исполнува сите критериуми за укинување на визите, но граѓаните на Косово и понатаму не можат слободно да патуваат во Европската Унија“, кажа косовската претседателка Вјоса Османи.

„Се надеваме дека таа неправда и дискриминација наскоро ќе исчезне“, додаде таа.

Османи истакна дека „апсолутно никој не го отфрлил“ заклучокот на Процесот за препораката на ЕУ за укинување на визите. Членки на овој формат се Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Албанија, Словенија, Хрватска и Косово, а во дворецот Брдо стигнаа претставници на сите, вклучувајќи го српскиот претседател Александар Вучиќ.

Османи кажа дека е исклучително важно што заклучокот е усвоен едногласно „бидејќи тоа покажува дека е процес кој доцни и во кој никој не губи“. Таа очекува визниот режим навистина да се укине до крајот на годината бидејќи со ЕУ во моментов претседава Чешка, која ја поддржува идејата, а Приштина не очекува противење од другите членки на ЕУ.

Зборувајќи за односите со Србија, косовската претседателка кажа дека Белград не ја прифаќа реалноста дека „Косово е суверена држава и дека тоа е неповратна реалност“.

„Колку побрзо Србија го признае тоа, толку ќе биде подобро за неа, за нејзиниот народ и за мирот и безбедноста во регионот“, истакна таа и додаде дека долготраен мир во регионот ќе донесе само меѓусебно признавање.

Кажа дека проширувањето на ЕУ не е само прашање на политички критериуми туку и „геополитичко и безбедносно прашање“ и дека ЕУ не е целосна без Западниот Балкан.

Европскиот контекст е променет со руската инвазија на Украина, кажа Османи и истакна дека не е време за „колебање и премислување“ во поддршката на Украина.

„Или сте на вистинската страна на историјата или не сте, нема помеѓу“, истакна Османи, мислејќи на Србија, единствената земја од Европа која не се приклучи на воведувањето на западните санкции против Русија.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе